Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.430 статии на македонски јазик и 300 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 16 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1671  Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
1779  Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.
1943  Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
1960  Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава.
1963  Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
1997  Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1999  Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.

Родени:

1313  Џовани Бокачо — италијански писател.
1612  Мурат IV — отомански султан.
1859  Паја Јовановиќ — српски сликар.
1866  Германос Каравангелис — грчко духовно лице.
1890  Стен Лорел — англиски глумец.
1924  Лаки Томпсон — американски џез-музичар.
1937  Симеон Сакскобурготски — бугарски премиер.
1951  Роберто Дуран — панамски боксер.
1952  Јоргос Папандреу (помладиот) — грчки премиер.
1958  Зоран Предин — словенечки рок-музичар, член на групата Лачни Франц.
1960  Ена Беговиќ — хрватска и југословенска глумица.
1961  Витомир Долински — македонски новинар.
1966  Јан Железни — чешки атлетичар.
1967  Јирген Клоп — германски фудбалски тренер.
1970  Коби Џоунс — американски фудбалер.
1970  Гоце Димовски — македонски поет.
1971  Тупак — американски рапер (п. 1996).
1986  Фернандо Муслера — уругвајски фудбалски голман.
1988  Пим Лигтхарт — холандски велосипедист.
1989  Берт-Јан Линдеман — холандски велосипедист.
1994  Душан Мандиќ — српски ватерполист.
2000  Бјанка Андрееску — канадска тенисерка.

Починале:

1834  Осип Бове — руски архитект.
1912  Добри Даскалов — македонски револуционер.
1977  Вернер фон Браун — германски физичар.
1993  Борко Лазески — македонски академски сликар.
2010  Бил Диксон — американски џез-музичар.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Поглед на Кирхберг на Јагст, од реката Јагст, Германија.
Дали сте знаеле...


Пафнутиј Чебишов
Пафнутиј Чебишов


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.430 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич