Нема никакво мешање на политиката во судската власт, туку напротив, станува збор за департизација на Судскиот совет и на правосудните органи, вели во разговор за Гласот на Америка, заменик министерот за правда, Ален Деребан.
Охриѓанките Маја и Сузана за три години вдомиле повеќе од триста кучиња од улица. Кучињата добиле сопственици кај стотици семејства низ европски земји како Велика Британија, Белгија, Холандија, Германија. Но, процедурите за испраќање на кучињата во странство, не се едноставни.
За спрегата Србија – Косово, која се смета за една од најнеизвесните од безбедносен аспект во балканскиот регион, не се исклучува можноста да се појави предлог за размена на територии, под влијание на новата администрација во САД, смета професорот Хаџи Јанев.
Елвис Шаќири, од институтот „Ромалитико“ од Скопје, во октомври годинава во Вашингтон доби признание за Глобален двигател во борбата против расизмот и дискриминацијата. Признанието му го додели државниот секретар на САД, Ентони Блинкен
За поголеми успеси потребни се повеќе финансии, но и соодветна инфраструктура со која државата за сега не располага, вели Јада, кој го држи приматот најдобар натпреварувач во нордиско скијање во земјава. Разговорот за Гласот на Америка го водеше Мики Трајковски.
Во ситуација кога голем дел од селата низ државата се празни и нема кој да се грижи постојано за тамошните цркви, професорот Цветковски, кој е еден од најзаслужните за враќањето на македонските икони од Албанија, предлага построга мерка за заштита на иконите од кражби и оштетувања
Ексклузивно: Разговор со режисерот Роберт Родригез за „Деца шпиони“ Поминаа повеќе од 20 години од филмот „Spy Kids“. Режисерот Роберт Родригез ја рестартираше франшизата за да привлече нова генерација. Интервјуто за Гласот на Америка го водеше Вероника Вилафање.
Имаше строго правило за молк. Не ни беше дозволено ниту да го именуваме насилството, или дискриминацијата и сè што ни се случуваше нам, како жени, вели во интервју за Гласот на Америка, мароканско-шпанската писателка Наџат Ел Хачми, која се бори за поголеми слободи за жените во светот
Судирот Израел - Хамас може да ги разгори регионалните замрзнати конфликти, смета професорот од Воената академија во Скопје, Методи Хаџи-Јанев, кој додава дека воените случувања можат да го стават Западот на тест и во опасност да биде вовлечен во тамошниот судир. Ниту Балканот не би бил имун.
Вчитај повеќе